Пади Лоув со нетрпение ја очекува “класиката“

111
   

Викендов ќе се вози 17та трка од Формула 1 календарот во Јапонија, поточно Сузука, патеката која е во сопственост на Хонда. Пади Лоув, техничкиот шеф на Вилијамс, ја опишува патеката како “класика“ и е нетрпелив да почне тркачкиот викенд. Британецот смета дека автодромот изобилува со можности за претекнување и се надева дека Строл и Сироткин ќе искористат дел од нив.

Директно од Русија одиме во Јапонија на Сузука, трка која сите ја сакаме како и ентузијазмнот на јапонските фанови кој е неверојатен. Патеката е најдобра и има огромно Формула 1 наследство и историја во себе. Вистинска класика – изјави Пади.

Годинава е благо речено мизерна за екипата од Гров, така што одамна тие се насочија кон својот болид за следната година.

Сузука изобилува со можности за претекнување, но мали места за излетување поради што е многу предизвикувачка и може да донесе возбудливи трки. Има уникатен облик на бројот осум и бара голема способност од возачот.

Екипата на Вилијамс сеуште го нема потврдено воачкиот тандем за следната година, иако се очекува заминување на Ленс Строл во Форс Индија, а останување на Сергеј Сироткин.


Пади Лоув со нетрпение ја очекува “класиката“

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>