Пади Лоув сака проширување на календарот

88

Техничкиот директор на Вилијамс, Пади Лоув го поздрави планот за проширување на тркачкиот календар кој го спроведува Либерти Медиа, со цел достапност на тркачката серија до сите фанови.

Се поизвесно е дека Мајами ќе биде додаден на следниот календар откако првичниот план беше одобрен од страна на Советот на градот. Се чини дека американците се фокусирани на збогатување на каледнарот со повеќе градски трки. Најголемиот дел од денешниот календар е пополнет со наменски изградени автодроми, така што Либерти сака да ја доближи Формула 1 до фановите во градските средини.

Имаме 21 трка во моментов, а повеќе трки ќе бидат додадени во иднина така што можеме да дозволиме и повеќе градски патеки. Можеме да си дозволиме да се оддалечиме од традиционалните патеки како Спа или Силверстон, но ни требаат и тие.  Дел од интересот на Формула 1 е да го доближи овој гламурозен настан до фановите кои сакаат и друг вид на трки – смета Лоув.

Градски трки се заговараат и во Амстердам, Копенхаген, како и Хо Ши Мин, главниот Виетнамски град.

Сакам повеќе трки во Америка затоа што тоа е многу голем пазар на кој Формула 1 нема големо присуство во последно време. Го имаме Остин што е неверојатно добра трки, но големината на земјата и пазарот бара барем две трки таму.

Сметам дека носењето на Формула 1 во центрите на градоците со голема популација и многу различни работи е одлична идеја за да се направат трки достапна дестинација одошто едноставен спортски настан со цел многу фанови да имаат можност да ги видат и големианта на викендот да порасне. Монако е прекрасен пример за тоа, а исто и Сингапур – заврпи Пади.ж


Booking.com

Пади Лоув сака проширување на календарот

0 Коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>