Охрабрен од успехот на Леклер и Расел сака во Ф1

122
   

Младиот Формула 1 возач на Мерцедес, Џорџ Расел, се надева дека импресивните перформанси на Шарл Леклер во Формула 1 како дебитант ќе отворат врата за него и негов експресен влез во кремот на моторспортот. Британецот имаше импресивни неколку трки, освои доста поени и редовно се споредува со Шарл.

Времињата малку по малку се менуваат и ги имаме Верстапен, Окон и Леклер во Формула 1. Тие момци може да предизвикаат многу искусни возачи.

Сметам дека тоа што Шарл го прави во моментов е фантастичен пример за тоа колку конкурентни може да бидат возачите од јуниотските серии. Тој освои ГП3 и Формула 2 титула, јас исто така имам ГП3 титула и во моментов водам во Формула 2 поредокот.

Мое лично гледиште е дека Шарл поставува одличен пример за да покаже и докаже за што е способен и што може да направи оваа негова дебитантска сезона – изјави Расел за Autosport.

Џоррџ повтори дека се чувствува удобно во тоа што го работи за Мерцедес годинава, мислејќи на многуте часови минати во симулаторот на екиапта.

Ако се укаже некаква можност за мене уште во Силверстон се чувствувам подготвено. Напорно рабоам во симулаторот на Мерцедес минатите две години, а имаме и неколку тест сесии за Мерцедес и Форс Индија. Верувам во себе и знам дека моам да одговорам на предизвикот.

Знам дека Мерцедес верува во мојот потенцијал, во спротивно немаше да ме земат во нивната програма. Веруваат во мене – заврши Расел.


Охрабрен од успехот на Леклер и Расел сака во Ф1

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>