Поранешниот возач на Торо Росо, Брендон Хартли, ќе биде возач за во симулаторот на Ферари оваа сезона, откако по само една цела година мината во јуниорскиот Торо Росо, замина од Фаенца.

Победникот на 24 часа Ле Ман и Ендјуранс првакот нема планови за сезонава, така што станува дел од развојниот тим на Скудерија. Минатата година во Маранело работеа Антонио Џовинаци и Даниил Квјат, едниот ќе вози за Заубер годинава, а другиот за Торо Росо.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Брендон ќе биде дел од четворицата возачи кои Ферари ќе ги користи во симулаторот сезонава. Паскал Верлејн, годинешниот возач на Махиндра во Формула Е е уште еден возач кој ќе работи во симулаторот, заедно со Антонио Фуоко кој има Формула 2 победи зад себе како и искусниот Давиде Ригон.

нашиот тим ќе има четворица несомнено талентирани возачи со големо чувство и разбирање за тркачки болиди. тоа се онакви квалитети како што ни требаат за во симулаторот, клучниот дел во денешната формула 1 – изјави шефот на тимот, матиа .


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.