Името Форс Индија ќе исчезне од Формула 1 следната година, а екипата официјално ќе се преименува во Рејсинг Поинт.

Откако Лоренс Строл на чело на група инвеститори го превзема тимот на крајот на летото, официјалното име беше променето од Сахара Форс Индија во Рејсинг Поинт Форс Индија. Со објавата на официјалната листа на тимови учесници во Формула 1 за 2019 година од страна на ФИА, потврдено е дека екипата од Сивлерстон ќе се вика само Рејсинг Поинт.

Тоа значи крај за Форс Индија брендот кој во тркачката серија го донесе доктор Виџеј Малиа, поранешнито сопственик, кој го превзема Спајкер во 2007 година и сакаше индиска Формула 1 екипа со спонзори и поддржувачи од неговата земја, во моменти кога и трката таму беше актуелна.

Листата на тимови кои учествуваат, а ја објави ФИА, исто така ги откри и броевите кои новите возачи, дебитантите во Формула 1 ќе ги носат на своите болиди:

  • Ландо Норис ќе се трка во Мекларен со бројот 4
  • Џорџ Расел ќе се трка во Вилијамс со бројот 63
  • Антонио Џовинаци ќе се трка во Заубер со бројто 99
  • Роберт Кубица ќе се трка во Вилијамс со бројот 88
  • Александер Албон поради доцното пријавување сеуште нема потврден број

Промени има и кај имињата на екипите, па така Хаас стануваат Риџ Енерџи Хаас Ф1, додека Скудерија Ферари го додаде Мишн Виноу (Mission Winnow) од Филип Морис во своето име.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.