Пјетро Фитипалди, внук на двократниот шампион, Емерсон Фитипалди, ќе тестира Формула 1 болид за прв пат во Абу Даби на крајот на месецов, откако ја доби улогата на тест возач за Хаас за наредната сезона.

Фитипалди беше во преговори со Хаас на почетокот на годината пред неговата несреќа во Светското Првенство на Издржливост на патеката Спа каде заработи фрактура на едната нога.

22-годишниот бразилец, официјално е потврден како тест возач во Хаас за 2019 година, а таа соработка ќе ја започне на првиот ден од тестот на Пирели по Гранд При трката во Абу Даби.

Фитипалди ја освои титулата во Формула В8 3.5 серијата во 2017 година, а оваа сезона се натпреваруваше во ВЕЦ, ИндиКар и Супер Формула.

Тој имаше 6 настапи во ИндиКар и еден во Супер Формула, но не учествуваше во ниту еден настан во ВЕЦ поради несреќата со ЛМП1 автомобил на БР Инженеринг во Спа. Најдобар пласман во ИндиКар беше неговото 9то место во Портланд.

Екстремно сум благодарен што ја добив оваа улога со Хаас како нивен тест возач. Сакам да им се заблагодарам на Џин Хаас и Гунтер Стаинер за можноста да бидам дел од тимот.

Тие завршија неверојатна работа во Формула 1 и да ми дадат можност да бидам дел од нивниот постојан успех е секако многу возбудливо.

Одвај чекам да седнам позади управувачот на ВФ-18 во Абу Даби. Тоа искуство ќе го пренесам во 2019 година и се надевам на тркачко место во Формула 1 во иднина – вели Фитипалди.

За вториот ден од тестот, Фитипалди ќе го предаде болидот на Луи Делетраз, неговиот ривал од Формула В8 3,5.

Со задоволство му посакувам добредојде на Пјетро Фитипалди во Хаас Ф1 и одвај чекаме да работиме со него. Тој има шампионско педигре, а од скоро се покажа во добра форма во ИндиКар.

Среќни сме што ќе му овозможиме прв тест со Формула 1 болид. Неговите тест сесии ќе бидат голема подршка во нашиот подем во 2019 година и сигурно ќе придонесат кон раст и развој на Хаас Ф1 во Формула 1 – изјавија Стаинер и Џин Хаас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.