ОФИЦИЈАЛНО: Ферари потврди, Леклер ќе вози за нив

502

Шарл Леклер е унапреден во возач на Скудерија Ферари по што шпекулациите кои долго време траат конечно се овистинија. Најпрво стигна веста од Маранело дека Кими Раиконен нема да го гледаме во црвениот болид во 2019 година, потоа Заубер потврдија дека финецот ќе вози за нив, а како шлаг на тортата е веста дека 20-годишниот возач од Монако следната сезона ќе биде колега на Себастијан Ветел.

Шарл е возач на Академијата на Ферари и стана прв пилот од “школото“ кој дошол до место во најпрестижниот тркачки тим во Формула 1. Тој станува втор најмлад возач во историјата на Скудерија, помлад од него бил само мексиканецот Рикардо Родригез.

Соништата се оствруваат… Ќе возам за Скудерија Ферари во 2019 година. Бескрајно сум благодарен на Скудерија Ферари за укажаната можност.

Благодарност до Николас Тод кој ме поддржува од 2011 година, благодарност до моето семејство. Благодарност до човекот кој не е повеќе дел од овој свет на кого му должам се што ми се случува, фала Тато. Фала на Жул Бјанки за се што ме научи, никогаш нема да те заборавам и благодарам на сите кои ме поддржуваа и веруваа во мене.

Ќе работам повеќе од било кога за да не ве разочарам. Но, прво, имам сезоназа комплетирање со неверојатна екипа која ми даде можност да го покажам мојот потенцијал. Напред Заубер – напиша Шарл на својот Твитер профил.

20-годишникот освои ГП3 и Формула 2 титули во две сезони и на тој начин заработи промоција во Формула 1, а Ферари одбраа да го сместат во нивниот соработник Заубер. Досега има одлична сезона во кремот на моторспортот, а со своите перформанси ги убеди италијанците да го донесат во сениорскиот тим по само една сезона учење.

Сезонава најдобар пласман за Леклер е 6то место до кое стигна во Азербејџан и освои 13 поени со што е на 15то местово шампионатот, а редовно е подобар од својот тимски колега Маркус Ериксон. Резултатите на Шарл помогнати со неубедливата форма на Раиконен го мотивираа Серџо Маркионе да остави “аманет“ двајцата возачи да ги промена своите места за следната година.


Booking.com

ОФИЦИЈАЛНО: Ферари потврди, Леклер ќе вози за нив

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>