Поранешниот шеф на ВЕЦ програмата на Порше, Андреас , е нов Оперативен директор на Формула 1 тимот.

По разочарувачките три години со Хонда, тимот од Вокинг продолжи со Рено лани, а следуваа и многу промени во организациската структура како и на раководните позиции во екипата. Сеидл доаѓа во Мекларен по успешен престој во Порше и победите на Ле Ман во 2015 и 2017 година, пред германците да се решат да се повлечат од ендјуранс серијата на издржливост. Од Вокинг најавуваат дека тој ќе се приклучи на тимот во текот на оваа сезона.

ова е огромна привилегија и предизвик за кој сум подготвен и посветен. да се добие можност да се придонесе во историјата на мекларен е особена чест и инспирација. мекларен имаат визија, лидерство и искуство, но пред се, за да се вратат на врвот им треба мојот фокус и посветеност – најави сеидл за своето ново работно место.

Андреас ќе биде главен на Формула 1 операциите на Мекларен, ќе одговара на извршниот директор Зек Браун, а другите тркачки операции на компанијата нема да бидат под негова надлежност. Џејмс Кеј кој исто така ќе пристигне во Вокинг годинава ќе биде задолжен за дизајнот на болидот, Симон Робертс ќе биде одговорен за производството, а Пол Џејмс, како тимски менаџер, ќе биде одговорен за се што се случува на патеката. Тројцата ќе одговараат директно на Сеидл.

Со доаѓањето на Сеидл, спортскиот диркетор Жил де Феран ќе добие повеќе време да се сконцентрира на она за што е доведен во компанијата, а тоа се пошироките спортски активности, вклучително и Индијанаполис 500, наместо целосна посветеност на Формула 1.

Формула 1 не е непознаница за Сеидл, откако тој до 2009 година работеше за БМВ Заубер пред да ги предводи враќањето на БМВ во германската ДТМ серија.

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, изјави дека доаѓањето на Сеидл е многу важно за тимот.

воодушевени сме што андрес доаѓа во мекларен за да го предводи нашиот формула 1 технички и оперативен тим. тоа е значително засилување на двата фронта за нас.

прво, тоа е многу значен чекор за враќањето на нашите формула 1 перформанси и долгорочна посветност на тркачката сериј. второ, концентрирање на квалитетно лидерство е битен дел од нашата долгорочна стратегија за глобален моторспорт.

андреас е способен лидер со успех секаде каде што бил вклучен и нетрпелив сум да почнам да работам со него.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.