ОФИЦИЈАЛНО: Рикардо и Ред Бул се разделуваат

275

Даниел Рикардо ги известил Ред Бул дека ќе го напушти тимот на крајот на 2018 година откако е дел од нивното семејство од 2008 година во нивната Академија за млади возачи, освојувајќи неколку титули. Во Формула 1 австалијанецот влезе во 2011 година на Британското Гранд При преку екипата ХРТ.

Потоа мина две сезони во Торо Росо и на почетокот на 2014 година прекина во сениорскиот Ред Бул како замена за Марк Вербер кој реши да се повлече од Формула 1. На тимот му донесе 7 победи, 29 подиуми, 2 пол позиции и 904 поени во шампионатот.

Целосно ја разбираме одлуката на Даниел да го напушти Астон Мартин Ред Бул Рејсинг и му посакуваме се најдобро во иднина. Во исто време сакаме да му се заблагодариме за неговата посветеност и голема улога која ја одигра од пристигнувањето во екипата во 2014 година, носејќи 7 победи и 29 подиуми до сега.

Ќе продолжиме да ги проценуваме опциите кои ни стојат на располагање пред да одлучиме кој возач ќе му прави друштво на Макс Верстапен во 2019 година. Во меѓувреме ни остануваат уште 9 трки од сезонава на кои сме целосно фокусирани да ги максимизираме можностите кои ќе им се укажат на Макс и Даниел за остатокот од сезоната – изјави Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул.


ОФИЦИЈАЛНО: Рикардо и Ред Бул се разделуваат

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>