Многу брзо откако Ред Бул објави дека Даниел Рикардо ги известил дека нема да го продолжи договорот со нив, Рено објавија дека австралијанецот од следната година ќе биде нивни возач крај Нико Хулкенберг.

Претседателот на Рено Спорт Рејсинг, Џерон Стол, изјави дека ангажманот на Рикардо, седумкратен Формула 1 победник на трка за период од две години е чекор кон остварување на целта на францускиот фабрички тим.

Рено одлучи да се врати во Формула 1 со цел да се бори за титула, а со потпишувањето на Даниел Рикардо добиваме посебна можност на Групацијата за стигнување кон целта која не смее да биде пропуштена.

Од почетокот на сезонава, Рикардо никогаш не брзаше да се обврзе кон својата досегашна екипа или да потпише договор со друга, знаејќи дека времето е на негова страна и убаво проценувајќи ги мжностите кои му се нудат.

Веројатно ова е една од најтешките одлуки кои сум ги донел до сега во кариерата, но сметав дека беше време за нов и свеж предизвик.

Знам дека претстои многу со цел Рено да стигне до својата цел и да се трка на највисоко ниво, но јас сум импресиониран од нивниот напредок во само две години и знам дека секогаш кога Рено е во спортот, победуваат. Се надевам дека ќе можам да им помогнам на ова патешествие и да придонесам за усшпехот на патеката – изјави Рикардо.

Првиот човек на Рено, Сирил Абитебул, додаде:

Доаѓањето на Даниел ја покажува нашата решителност да го забрзаме напредокот кон челото на спортот. Исто така тоа е признание за нашата работа за изминатите 2,5 години. Даниел несомнено има голем тапент и харизма и е огромен бонус за цела наша екипа. Ќе мораме да му се оддолжиме за неговара доверба со најдобар можен болид. Му посакуваме добредојде во 2019 година, горди сме на него.

Даниел Рикардо има две победи на трки за себе сезонава и во моментов е на 5то место во возачкиот поредок со 95 поени заостаток зад Луис Хамилтон. Рено се 4ти конструктори во Формула 1 и заостануваат 263 поени зад Мерцедес со најдобар пласман сезонава на 5то место.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.