ОФИЦИЈАЛНО: Расел доаѓа во Вилијамс

138
   

Моменталниот лидер во Формула 2 тркачката серија, британецот поддржан од Мерцедес, Џорџ Расел, наредната година ќе стане дел од Формула 1 тимот на Вилијамс за кој потпиша повеќегодишен договор.

Расел кој е подржан од Мерцедес од 2017 година, доби шанса оваа година да вози во Формула 2, откако ја освои титулата во ГП3 тркачката серија лани. Тој ќе биде третиот британец на гридот покрај актуелниот првак Луис Хамилтон и Ландо Норис кој исто така ќе дебитира догодина.

Имам голема чест да се приклучам на легендарниот тим на Вилијамс. Формула 1 е мојот сон. Од дете ги гледам трките и сакав да бидам дел од гридот покрај возачите на кои им се восхитував со години.

Би сакал да и се заблагодарам на Клер Вилијамс и сите во Вилијамс кои ја донесоа одлуката и на Тото и Мерцедес за нивната подршка во ГП3 и Формула 2.

Возбуден сум што ќе почнам да работам со сите во Гроув каде ќе ги имам моите први чекори во Формула 1. Со нетрпение чекам на Мелбурн каде ќе стартуам за прв пат и сметам дека ова ќе биде почеток на моето долго патешествие – изјави возбудениот Расел.

Тој има шест победи во Формула 2 серијата и е на чекор до титулата со 37 поени предност пред Александер Албон. Џорџ претходно имаше тестови во Формула 1 со Мерцедес и Форс Индија.

Вилијамс сеуште го нема потврдено вториот возач но се верува дека конкуренти се русите Сергеј Сироткин и Артем Маркелов. Ленс Строл ќе замине во Форс Индија каде татко му го купи тимот.


ОФИЦИЈАЛНО: Расел доаѓа во Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>