ОФИЦИЈАЛНО: Раиконен старо-нов возач на Заубер

1110

Откако го загуби своето место во Ферари, Кими Раиконен ќе вози за Заубер во 2019 година, местото каде ја почна својата Формула 1 кариера пред 17 години. Се очекува италијанците наскоро да објават дека нивни нов возач за следната година ќе биде Шарл Леклер, со што ова ќе значи чиста размена на возачи помеѓу Ферари и Заубер.

Заубер засега го потврудваат дека финецот ќе биде нивни возач за 2019 година , но на Инстаграм профилот самиот возач објави дека потпишал двогодишен договор со тимот од Хинвил.

Погодете кој се врати? Следните две години сум со Заубер. Чувството е неверојатно добро да се вратиш онаму каде што се започна – напиша Кими на Инстаграм.

Шампионот од 2007 година нема победа од 2013 година, година по која се врати повторно во Ферари.  Заубер е во офанзива за изградба на тимот на чело со Фредерик Васур.

Потпишувањето со Кими Раиконен како наш возач претставува многу важен столб на нашионт проект и не носи поблиску до целта за напредок во блиска иднина. Тој е несомнен талент и има огромно Формула 1 искуство што ќе придонесе не само за развојот на нашиот болид, но и ќе го забрза растот и развојот на нашиот тим како целина. Заедно ја почнуваме 2019 година си цврсти темели и решителност да се бориме – изјави Васур.

Доаѓањето на Кими во тимот става притисок и врз швеѓанецот Маркус Ериксон кој треба да си го заслужи местото крај искусниот финец следната година. Шанса нетрпеливо чека уште еден штитеник на Ферари, Антонио Џовинаци кој е “во игра“ следната година да вози за Заубер или американски Хаас.


Booking.com

ОФИЦИЈАЛНО: Раиконен старо-нов возач на Заубер

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>