Шефот на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека Естебан Окон ќе биде резервен возач н афабричката екипа за 2019 година и нема да се трк аво друга серија.

По престојната трка, французинот нема повеќе да биде дел од Форс Индија, каде се очекува да дојде Ленс Строл, чиј татко по крајот на летото ја купи екипата. Напорите на Мерцедес да го вдомат Окон во Рено, Мекларен и Вилијамс пропаднаа, така што слободно места на гридот повеќе нема.

плановите се јасни, ќе остане блиску до мерцедес и ќе биде наш трети односно резервен возач следната година. се надеваме дека ќе можеме често да тестираме со него пред сезоната, но тоа треба да се договориме. ќе мине многу време во симулаторот за да остане подготвен за трка – објасни волф.

Договорот на Валтери Ботас со Мерцедес е во важност само уште следната година, што значи дека Естбан ќе има можност да вози за фабричката екипа од 2020 година.

дефинитивно ќе останам во формула 1 падокот и ќе се обидам да извозам колку што можам повеќе километри во формула 1 болид следната година. јас и мерцедес гледаме можност да се вратам на гридот во 2020 година така што се надеваме дека тоа и ќе се оствари, а јас ќе се вратам уште посилен – изјави окон од абу даби.

Во текот на летото, французинот оптимистички изјави дека е само прашање на време кога ќе се трка за фабричката екипа.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.