ОФИЦИЈАЛНО: Норис во Мекларен од 2019

191

Откако беше објавено дека Стофел Вандорн ќе го изгуби своето место во 2019 година, Мекалрен објавија дека Ландо Норис ќе биде негова замена во Формула 1.

Норис е моментално втор во Формула 2 зад штитеникот на Мерцедес, Џорџ Расел но тој се повеќе време поминува зад воланот на формула 1 болидот.

Британецот е дел од Мекларен програмата за млади возачи од 2017 година, оваа година го возеше МЦЛ33 во Унгарија и беше дел од тренинзите на Спа и Монца.

Мекларен ја искористи опцијата да му овозможи деби на младиот британец кој ќе вози покрај Карлос Саинз кој доаѓа како замена за Фернандо Алонсо.

Веруваме дека Ландо е голем талент со цел потенцијал кој намерно го чувавме блиску до Мекларен поради таа причина. Знаеме дека брзо учи, дека е брз и брзо созрева. ГЛедаме многу потенцијал во иднина. Инвестицијата во него беше заслужена бидејќи ги покажа неговите можности. Ландо е дел од планот за обновување на нашите Ф1 операции и врзан е со тимот. Ландо и Карлос ќе бидат импресивно дуо бидејќи се млади и ја претставуваат новата генерација на Мекларен возачи. Нашиот фокус е на остварување најдобар можен резултат во 2018 и да гледаме во иднината – изјави Зак Браун.

Ландо Норис се надоврза:

Ова е мојот сон. Иако сум дел од тимот веќе некое време ова е посебен момент. Сакам да се заблагодарам на сите што веруваат во мене. Јас сум екстемно благодарен на Мекларен за интересот за мојот развој и моето искуство во Формула 1 болидот на тестирањата и на тренинзите. Мојот фокус останува во Ф2 и сакам да ја освојам титулата пред да бидам дел од Мекларен што же биде тешко. Работам близу со Мекларен и ја користам секоја можност да учам од возачите и целиот тим да се спремам за наредната година.

 


Booking.com

ОФИЦИЈАЛНО: Норис во Мекларен од 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>