Мекларен и Фернандо ќе се вратат на 500 во 2019 година, откако шпанецот потенцираше дека има незавршена работа.

Тимот од Вокинг потврди учество на 103то издание на Индијанаполис 500 кое ќе се вози на 26 Мај следната година, а нивниот портокалов болид ќе го управува Алонсо. Тоа ќе биде второ Инди за Нандо во неговиот обид да стане втор возач во историјата на моторспортот со триојна круна за себе, Формула 1 трка во Монако, трка на издржливост во Ле Ман и Индикар во Индијанаполис. Единствен за сега на кој тоа му успеало е Грахам Хил.

Мекалрен и Нандо се тркаа на ланскиот Индијанаполис 500 на кој шпанецот еден период од трката дури и водеше пред да се откаже на крајот од трката. Тимот од Вокинг има три победи на Инди, еднаш во 1972 година како поединечен влез, а во 1974 година и 1976 година како фабричка екипа со Џони Рутфорд. Следната година ќе бидат со сопствена екипа, Мекларен Рејсинг.

се враќаме на бријард и неверојатната трка во индијанаполис. мекларен има олга врска со трката и има недовршена работа со фернандо. инди 500 не е обична прошетка, тоа е огромен предизик и имаме огреомна почит за трката и конкурнтите поради што не мисиме дека ќе победиме, но ние сме тркачки како и фернандо и ќе се обидеме да го оствариме тоа – најави зек , главниот извршен директор на мекларен.

веќе некое време изјавувам дека моја цел е да ја освојам тројната круна. имав неверојатно искуство во 2017 година и знаев дека моето срце сака да се врати таму и особено сум почестен што ќе се вратам со мекларен. тие се секогаш мој прв избор и воодушевен сум што решија да соработуваат со мене. тоа е тешка трка, ќе бидеме против најдобрите и ќе биде огромен предизвик, но ние сме тркачи и се тркаме. една од работите на кои едвај чекам е средбата со неверојатните фанови, фантастични се – дополни алонсо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.