Администраторите на Форс Индија ја прифатија понудата за тимот на Конзорциум предводен од канадскиот милијардер Лоренс Строл. Екипата е во административна постапка од Петокот пред Унгарското Гранд При по пријава на нивниот возач Серхио Перез, поддржана од Мерцедес и спонзорот БВТ поради натрупани, а неплатени долгови.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Конзорциумот предводен од Лоренс бил составен со помош на Главниот оперативен директор на екипата, Отмар Шафнауер и врвниот менаџмент од Силверстон. Понудата е прифатена од администраторите од ФРП Консалдинг со што екипата треба да се врати во солвентна и ликвидна состојба.

Членови во конзорциумот на Строл се канадскиот претприемач Андре Десмараис, Џонатан Дудман од Монако Спортс и Менаџмент, Џон Ајдол од модната индустрија, Џон МекКо од телекомуникациската индустрија, Мајкл де Пикото финансиски експерт како и деловниот партнер на Лоренс, Силас Чоу. Кредиторите на Форс Индија ќе бидат исплатени во целост и сите 405 работни места ќе бидат спасени откако е гарантирано финансирањето на екипата.

Конзорциоумот ќе ја превземе сопственоста на екипата од Оринџ Индија Холдинг (Orange India Holdings Sarl) каде сопственици се доктор Виџеј Малиа, Субрата Рој преку својата Сахара како и семејството Мол.

Со ова е обезбедена иднината на Форс Индија тимот во Формула 1 и тоа ќе ни дозволи да се тркаме конкурентно користејќи го целиот наш потенцијал. Воодушевен сум што ја имаме поддршката од конзорциумот инвеститори кои веруваат во нас како екипа и гледаат бизнис потенцијал за Форс Индија во Формула 1 сега и во иднина.

Во Форс Индија, нашето искуство и посветеност значи дека секогаш сме остварувале над очекувањата, а оваа нова инвестиција ни обезбедува светла иднина пред нас. Исто така, сакам да му заблагодарам на Виџеј, Сахара Груп и семејството Мол за сета поддршка и фактот што го донесоа тимот до овде каде што сме – изјави Шафнауер.

Веќе некое време Лоренс Строл се поврзува со Форс Индија како потенцијален нов сопственик, така што тоа конечно се остварува. Досега канаѓанецот го поддржуваше Вилијамс каде се трка неговиот син од своето Формула 1 деби.

Реткост е компанија да биде спасена од административна постапка и да биде вратена во солвентна позиција. Квалитетот на заинтересираните страни за оваа компанија беше импресивен и мораше внимателно да ги прегледаме сите понуди. По темелниот процес на крајот останавне со високо-квалитетната понуда за спас на компанијата и враќање на ликвидноста.

Финансирањето на компанијата ќе биде овозможено уште денес, а штом излезе од административната постапка уште повеќе пари ќе може да бидат користени, што се очекува да биде направено во следните 2-3 недели – изјавија администраторите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.