Николас , овогодинешниот Формула 2 возач, ќе биде рзервен возач на следната година.

Сезонава канаѓанецот ја одработи како развоен возач во Форс Индија и доби три денови тест како и неколку петочни тренинг сесии. Сезонава ја заврши на 9то место во Формула 2 серијата мачејќи се да се адаптира на новиот болид. Промената на тимот се должи на промената на сопственоста во Форс Индија односно Рејсинг Поинт, екипа која ја купи Конзорциум на чело со Лоренс Строл.

Николас ќе го вози болидот на Вилијамс еден ден во текот на предсезонските тестови, како и три денови на тестовите во текот на сезоната, од кои еден ден официјален тест и два дена тест за Пирели, како и шест петочни тренинг сесии.

воодушевен сум што ќе станам дел од историската екипа како вилијамс во улога на нивни резервен возач во 2019 година. ова е фантастична можност да продолжам со мојот формула 1 развој, но и да го зголемам моето искуство со повеќе петочни сесии и тестови.

дополнително, голем дел од мојата улога ќе биде возење во симулаторот и помош и поддршка при развојот на новиот болид и тимот. нетрпелив сум да минам време во фабриката во женева, да го импресионирам тимот и да помогнам онаму каде што можам. ова е фантастична можност за мене и возбуден сум во пресрет на почетокот – изјави возбудениот латифи.

Латифи минатата Формула 2 сезона ја заврши на 5то место и ги зголеми поените на својата суперлиценца, но од тогаш додаде само 4 за неговото 9то место во првенството. Во моментов има 24 поени и му треба топ 5 на крајо од следната Формула 2 сезона за да дојде до потребнтие 40 поени за Формула 1 можност.

николас успешно се трка во јуниорските серии, има тркачко педигре и е неверојатно интелигентен и разноврсен. сигурно сме дека одлично ќе го надополни тимот и нетрпеливи сме да почнеме со заеднчка работа – најави клер вилијамс.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.