Името на ќе исчезне од Формула 1 гридот сезонава откако тимот од Хинвил се преименува и во 2019 година ќе се трка под името Рејсинг.

Спонзорирањето и широката соработка на Алфа Ромео со Заубер лани беше прво вклучување на познатата италијанска компанија во Формула 1 од 1985 година. Со Алфа Ромео Рејсинг се заживува фабричката екипа која ги освои титулите кај конструкторите во првите две сезони од Формула 1 односно беа прваци во 1950 година и 1951 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Сепак, сопственичката структура и менаџментот остануваат непроменети, а на болидите на Кими Раиконен и Антонио Џовинаци ќе продолжи главното место да го зазена познатото лого на Алфа кое симболизира брзина.

со задоволство објавуваме дека во 2019 година ќе се викаме алфа ромео рејсинг. по првичната соработка со нашиот главен спонзор алфа ромео во 2018 година, имавме одличен напредок во однос на техничкиот, комерцијалниот и спортскиот дел. тоа ни даде мотивација на сите од патеката до фабриката во швајцарија да работиме напорно и да се инвестираме, а резултатите одличнно ја покажаа нашата посветеност. имаме за цел да продолжиме со развојот на секој дел од тимот и да им дозволиме на страста за тркање, технологијат и дизајнот да не водат – изјави првиот човек на тимот, фредерик .

Името на Заубер е присутно на Формула 1 гридот од 1993 година, а од 2006 година до 2009 година екипата беше фабрички тим на БМВ. Основач е Питер Заубер, а екипата стигна до поени уште во својата деби сезона и со исклучок на 2014 година, освојува редовно поени.

Во 2016 година и 2017 година тимот се мачеше, но свежите пари од Алфа Ромео, доаѓањето на Фредерик Васур на чело на тимот и големата поддршка од Алфа Ромео и Ферари ги подигна. Заубер беа екипата со најголем напредок сезонава, кон крајот на истата имаа редовно 4ти најбрз болид на гридот, а на крајот завршија на 8мо место кај конструкторите.

горди сме на соработката со заубер и враќањето на традицијата на алфа ромео во однос на техничката иновативност и италијанската страст во врвот на моторспортот. немојте да се сомневате дека со кими раиконен и антонио џовинаци на патеката, а искуството на заубер и алфа ромео крај патеката, сигурно дека сме тука за да се тркаме – изјавија од алфа ромео.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.