ОФИЦИЈАЛНО: Дани Педроса се пензионира од МотоГП

521
   

Моторциклистот на Хонда во МотоГП првенството, Дани Педроса, објави дека ќе се пензионира од тркањето во кралската класа на крајот на 2018 година. 33 годишниот Педроса го најави своето заминување на специјална прес конференција пред трката за Голема Награда на Германија, закажана викендов во Заксенринг.

Каталонецот е дел од фабричкиот тим на Репсол Хонда од 2006 година, но не успеа да најде ангажман за наредната година, откако екипата потпиша договор со Хорхе Лорензо за 2019 како негова замена.

Иако не постоеја опции во фабричките екипи, Педроса беше главна цел на нов Јамаха приватен тим во сопственост на патеката Сепанг, SIC Racing. Сепак Педроса потврди дека ја завршува својата кариера во МотоГП во која настапуваше исклучиво со Хонда мотори од неговата деби сезона во 2001 година.

Ова е одлука за која размислував долго време, многу, многу е тешка бидејќи е спорт кој што го сакам. Но и покрај добрите можности да продолжам да се тркам, сметам дека не уживам во тркањето со толкав интензитет како порано, а сега имам и други приоритети во животот – изјави Педроса.

По освојувањето на титулата во 125цц во 2003 година, како и двете последователни титули во 250цц наредните две сезони, Педроса беше на чело на МотоГП класата и покрај честите повреди, некои од кои дури можеа предвреме да му ја завршат кариерата.

Досега има постигнато 31 победа и 112 подиуми во кралската класа, но не стигна до титула, иако во 3 сезони заврши како второпласиран. 2007 година позади Кејси Стонер од Дукати, а потоа позади Лорензо и Јамаха во 2010 и 2012 година.

Неговиот последен обид за титула беше во 2013 година, но го изгуби водството откако имаше фрактура на клучната коска во Германија за на крајот да заврши на трето место, додека дебитантот Марк Маркез ја освои титулата.

Овогодинешната сезона е најлошиот старт за Педроса во неговата МотоГП кариера, по 8 трки, тој е на 12 место во генералниот пласман и сеуште не стигнал до подиум. Иако нема титула, Педроса им помогна на Хонда да стигнат до 7 шампионски титули, 6 од кои за фабричката екипа подржана од Репсол.

Сакам да изразам колку сум среќен што го имав ова искуство, оваа животна шанса. Беше неверојатен живот во кој се тркав за толку голема екипа и пред сите овие фанови.

Можам да кажам дека постигнав многу повеќе одколку што очекував и навистина сум горд со моите постигнувања во овој спорт – додаде Педроса.

Одлуката за пензија на Педроса ќе ослободи места за неколку моторциклисти во 2019 година, а SIC Racing кој потпишаа тригодишен договор со Јамаха, сега ќе гледаат кон алтернативни решенија за втор тркач покрај Франко Морбидели.

Алваро Баутиста од Нјето Дукати и Бредли Смит од КТМ се двајца кои веќе изразија интерес за новиот тим, додека Лорензо Балдасари и Фабио Куартаро од Мото2 исто така се сериозен избор.


ОФИЦИЈАЛНО: Дани Педроса се пензионира од МотоГП

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>