Формула 1 и градот Ханои офицјиално објавија дека Гранд При трка во ќе почне да се одржува од Април 2020 година.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Тоа е прва нова трка која успева да ја договорат Либерти Медиа и претставува цврста обврска кон азискиот регион кој веќе ги има историското Јапонско Гранд При како и Кина и Сингапур од поново време. Исто така со Виетнам се потврдува долгогодишната стратегија за проширување на спортот и доаѓање до нова публика низ светот.

Промотери на настанот ќе бидат Вингруп кои потпишаа повеќегодишен договор за организација на трка која ќе се одржува во срцето на градот. Граските власти открија дека се работи за патека долга 5.565 километри која ќе донесе одлчно тркачко искуство како за фановите така и за возачите.

За да се прослави новат асоработка, Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери заедно со градската управа на Ханои и промотерите од Вингруп ќе имаат посебна церемонија на која ќе има повеќе изведувачи и ќе биде прикажана културата на Виетнам и луѓето од Ханои.

чејс кери, главен извршен директор на формула 1: пресреќни сме што можеме да објавиме дека ханои ќе организира тркагранд при трка. откако станавме дел од овој спорт во 2017 година зборуваме за ширење на нови дестинации и градови во кои има интерес за спортот, а Виентнамското Гранд при ја исполнува таа амбицина. воодушевени сме што ќе го имаме ханои, еден од највозбудливите градови со пребогата историја и прекрасна иднина пред себе на нашиот календар. тоа е совршено за гранд при трка и нетрпелив сум да почнеме.

нашиот тим работи со градот ханои и промотерите вингруп за да озовможи создавање на патека на која на тест ќе бидат не само возачите туку и фановите кои ќе уживаат. едвај го чекаме моментот кога формула 1 болидите ќе прострујат низ улиците на овој фантастичен град од 2020 година.

нгујен дук чунг, претседател на градот ханои: горди сме што ќе бидеме домаќини на формула 1 трката за големата награда на виентма која ќе го покаже градот ханои пред светот во спектакуларна комбинација на старо и ново. тоа е демонстрација на способноста на виетнам како најбрзо растечка еономија во светот да биде домаќин на глобални настани и да привлече многу туристи. исто така тоа носи можност за дополнителни инвестиции во земјата и најбитно, носење на врвот на моторспортот блиску до луѓето.

нгујен вит куанг, главен извршен директор на вингруп: возбудени сме што нашата работа со формула 1 ни обезбеди договор. клучна работа е не само да го покажеме градот ханои туку и да организираме возбудлива формула 1 трка за фановите во виетнам и останатите низ светот. вингруп сака да ја донесе трката во виентнам поради користа за општеството и создавање на повеќе работни места. инфраструктурата во виетнам ќе биде подобрена така што и други настани ќе можат да бидат организирани. за вингруп исто така е важно што преку гранд при трката ќе можеме да го промовираме и винфаст, првиот производител на автомобили во државата.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.