ОФИЦИЈАЛНО: Ботас останува во Мерцедес

121

Мерцедес потврдија дека Валтери Ботас ќе остане во екипата и следната година, откако финецот доби едногодишно продолжување на својот договор со Мерцедес. Оваа вест е објавена само еден ден откако Хамилтон и Мерцедес потврдија дека остануваат заедно се до ркајот на 2020 година.

Тимскиот шеф, Тото Волф, не го криеше фактот дека будно го следи возачкиот пазар, за следната сезона и за годината потоа.

Мило ми е што ќе останам во тимот и следната година, а секако дека постои и опција за годината потоа. Задоволен сум, сакам да работам со оваа екипа, го сакам тимскиот дух и атмосферата која владее и сите притискаат силно за подобри перформанси. Ќе продолжам да давам се од себе за да донесам колку што можам повеќе, секогаш давам 100% од себе и задоволен сум што останувам во екипата. Среќен сум – потврди Валтери Ботас откако официјално беше објавен дека останува во Бракли.

Тимскиот шеф на ова додаде:

Задоволни сме со продолжување на соработката со Валтери барем за една сезона и потврдуваме дека нема да имаме промена кај возачите за 2019 година во пресрет на домашната трка за компанијата во Хокенхајм. Перформансите на Валтери годинава се одлични и ако не беа нашите грешки и неговата лоша среќа, во моментов ќе водеше во шампионатот.

Кога донесовме одлука за него за 2019 година не се работеше само за несомнената брзиа и работна навика туку и за неговиот карактер. Неговиот однос со тимот, вклучително и Луис е отворен и полн со доверба без никаква политика – смета Тото.


ОФИЦИЈАЛНО: Ботас останува во Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>