Маурицио повеќе не е тимски шеф на Скудерија , а негов маследник ќе биде досегашниот технички директор на екипата од Маранело, Матиа .

Подолго време медиумите во Италија се занимаваа со недоразбирањата помеѓу Аривабене и Биното, иако Маурицио ги негираше истите, велејќи дека се создадени само за да се дестабилизира мирот во тимот. Но, тимот потврди дека ќе има рокада во раководството на екипата, а Биното веднаш ја превзема новата позиција.

по четири години огромна посветеност и приврзаност, маурицио аривабене ја напушта екипата. одлуката е донесена заедно со врвниот менаџмент на компанијата по долги разговори со долгорочниот личен интерес на маурицио како и на тимот.

ферари сака да му се заблагодари на маурицио за неговиот вреден придонес во зголемување на конкурентноста на екипата минатите неколку години и да му посака се најдобро во иднина.

веднаш матиа биното ќе ја превземе шефовската улога во скудерија ферари, а техничките оддели ќе продолжат директно да бидат под негова ингеренција – гласи соопштението на ферари.

Биното е технички шеф на Ферари од 2016 година, а улогата ја превзема од Џејмс Алисон кој мина во Мерцедес. Тој дојде во Ферари во 1995 година како инженер за тест на моторите, а слична улога имаше и од 1997 до 2003 година, но на тркачката патека. Во 2009 година беше одговорен за развој на КЕРС системот на Ферари, пред да стане Главен оперативен директор одговорен за моторите, функција која ја извршуваше до крајот на 2014 година и се смета дека има голема одговорност во подобрувањата на В6 турбо хибридот на Ферари. Откако го превзема техничкото водење на италијанскиот тим, Ферари стана сериозен кандидат за титула и конкурент на Мерцедес последните две години.

Сеуште не се знае кој ќе го наследи Биното на местото технички директор на екипата, а две имиња најчесто се споменуваат и тоа главниот аеродинамичар Енрико Кардиле и главниот на одделот за мотори, Коради Иоти.

Минатата година често се споменуваше името на Маурицио Аривабене за директорско место во Јувентус, најтрофејниот италијански фудбалски тим. Аривабене дојде во Ферари како шеф во 2016 година, наследувајќи го Марко Матиачи, откако долго време работеше со Скудерија како претставник на долгогодишниот голем спонзор на тимот, Филип Морис. Во текот на неговото “шефување“, Скудерија победи на 14 трки од 81 извозена, имаше и 71 подиум и 12 пол позиции. Но, грешките во менаџирањето на тимот минатата година и испуштената титула се чини беа преголеми.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.