Новиот возач на , Александер , изјави дека за малку ќе престанел да се трка откако го отпуштиле во 2012 година.

Третопласираниот од овогодинешниот Формула 2 шампионат и потврден возач на Торо Росо за 2019 година, бил член на Академијата за млади возачи на Ред Бул до 2012 година кога бил отпуштен поради лоша сезона во Формула Рено.

беше тешка година за мене поради неколку причини, не само поради резултатите, но тоа ме натера да работам многу напорно. бев на прагот да се откажам од тркањето, но од тогаш научив дека треба да импресионирам секогаш кога ќе се појавам на патеката и за среќа доктор хелмут марко ми даде втора шанса – изјави албон, чија мајка канкамол албон во 2012 година била осудена на 6 години во затвор поради измама.

Само благодарение на помошта од екипата на Дамс, Албон доби Формула 2 шанса сезонава. Тогаш тој се заблагодари на шефот на тимот, Жан-Пол Дрио, кој е прв човек и на Нисан е.Дамс, екип со која Александер потпиша договор за Формула Е, пред да се “пишмани“ и да се обврзе кон Торо Росо.

никогаш не се откажав од желбата за формула 1 и требаше да верувам дека сеуште е можно. знаев дека шансите за место во врвот на моторспортот се мали доколку немам соодветен буџет со мене. реалноста беше таква што можност за формула 1 можев да добијам само преку торо росо и ред бул, но за тоа е потребно да се импресионира доктор марко – објасни албон.

Британецот со тајландско потекло откри дека неговиот договор со тимот бил потврден во Понеделник по трката во Абу Даби, во момент кога си купувал патики во продавница.

бев повеќе од возбуден затоа што го чекав тој момент од мојата 6-годишна возраст. не можам да кажам дека дојде од никаде затоа што подолго време се обидував да ја решам мојата ситуација со нисан е.дамс, за да ми дозволат д аминам во торо росо. не можев да поверувам дека конечно се случи.

Годинава Албон победи на 4 трки во Формула 2 серијата, но немаше возено Формула 1 болид пред тестот за Пирели на Јас Марина неделава.

ќе се обидам максимално да ја искористам секоја трка и секој викенд. пред мелбурн нема да имам многу можности да го возам болидот така што ќе биде многу важно да бидам максимално подготвен од првиот ден. секако дека ќе биде убаво на моменти да се борам и за поени – посака албон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.