Французинот Естебан нема да биде на стартниот грид на почетокот од сезоната во Мелбурн, но она што Мерцедес го планир за него, ќе го задржи со полни раце работа во 2019 година.

Многумина во Окон гледаат еден од најталентираните возачи, но тој испадна како колатерална штета во превземањето на Форс Индија од страна на милијардерот и татко на Ленс Строл, Лоренс. Освен како возач за тест и симулација, Окон ќе биде прва резерва доколку нешто непредвидено се случи со Луис Хамилтон или Валтери Ботас.

ќе бидам присутен на сите трки и секогаш ќе бидам информиран за се доколку во одреден момент се укаже потреба да се појавам на трка. во формула 1 никогаш не можете да бидете сигурни што може да се случо – изјави естебан за француски Auto Hebdo.

За време на Европскиот дел од Формула 1 сезоната, Окон во Петок ќе работи во симулаторот на тимот во Бракли, а потоа ќе доаѓа и ќе биде присутен на автодромите каде ќе се возат трките.

по втората петочна сесија ќе работам во симулаторот за да ги тестирам можностите за прилагодување и сетирање на болидот со цел луис и валтери да бидат идеално подготвени за квалификации. потоа, во сабота наутро, ќе бидам на патеките до крајот на викендот – откри окон.

Секако дека на него ќе му недостасува тркањето, но 22-годишникот смета дека улогата која Мерцедес му ја доверува претстојната сезона е најдобар приод кон враќање на гридот од 2020 година.

сакам еден ден да бидам светски првак, тоа е моја цел и мој сон. секако дека не е воопшто добро што нема да се тркам сезонава, но сеуште сум фокусиран на формула 1 и сметам дека го направив вистинскиот избор.

потоа, доколку не најдам место во 2020 година, ќе одам на друго место затоа што едноставно морам да продолжам со тркањето – најави окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.