Окон со тимски наредби од Мерцедес

561

Естебан Окон не му пружи никаков отпор на Луис Хамилтон откако британецот излезе зад него при промената на гуми по што лесно го мина болидот на Форс Индија на правецот по тунелот. Во 12от круг Хам влезе во бокс и промени на ултрасофт, но излезе зад Окон, иако во Мерцедес не беа воопшто загрижени.

Италијанците од Sky Italia веднаш по трката го запрашаа Окон зошто толку лесно го пропуштил Хамилтон, без никаква борба.

Јас сум возач на Мерцедес, треба да го прашате шефот.

Немаше смисла да се борам со него особено затоа што имаше нови гуми – додаде Окон.

Потоа, од страна на италијанците Естебан беше запрашан дали постои некое непишано правило според кое болидите на Форс Индија никогаш не ги задржуваат Мерцедес.

Можеби сте во право – нафрли французинот.

Од друга страна, белгиските новинари до La Dernière Heure  го запрашаа Тото Волф дали Окон добил наредба лесно да го пропуши Хамилтон, на што австрискиот тимски шеф одговори:

Да, така е и така стојат работите.


Booking.com

Окон со тимски наредби од Мерцедес

6 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>