Окон сеуште не разговарал со Волф

57

Естебан Окон откри дека сеуште не разговарал со шефот на Мерцедес, Тото Волф, а во врска со неговата позиција во Мерцедес во иднина како и неговото место во тркачката серија следната година.

Ред Бул и Мекларен не го сакаат талентираниот французин кај себе поради неговите врски со Мерцедес, така што во моментов тој нема место за 2019 година, ако се знае дека Ленс Строл сигурно преоѓа од Вилијамс во Форс Индија.

Не сум разговарал со Тото до сега за ова. Тоа што знам е дека имам договор со Мерцедес и тоа е се.

Тоа што треба да се гледаат се резултатите и трудот на возачот со цел да стигне до подобар резултат. Токму поради тоа сум разочаран од тоа што ми се случува во моментов – заврши Окон.


Окон сеуште не разговарал со Волф

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>