Естебан Окон од Форс Индија сака силен резултат во Унгарија пред Формула 1 сезоната да отиде на заслужена пауза. Французинот кој во моментов е цел на шпекулации на возачкиот пазар, а во врска со можен премин во Рено за следната година, освои поени на последните три трки и сака да продолжи во таков стил.

Сакам да отидам на паузата со силен резултат и да бидам задоволен од последната трка која се вози на една од моите омилени патеки. Будимпешта е една од трките на која најмногу уживам и секогаш имам интересен викенд. Градот е прекрасен и има многу фанови, но патеката е најинтересниот дел. Се вљубив во Хунгароринг првиот пат кога ја возев – изјави Окон.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Бавниот и тесен хунгароринг нуди неколку предизвици и таму мора да се биде постојан.

Тесно е, но сепак е брзо. Има неколку многу брзи промени на правецот односно насоката, а по нив веднаш доаѓаат кривини така што нема време да се здивне. Тоа ми се допаѓа на оваа патека, мора да притискате цело време и да вадите максимум од кривините. Мора да имате добар ритам и да не направите грешки кои скапо чинат.

По Будимпешта ќе биде убаво да се здивне по напорната сезона и нетрпелив сум на одморот со моите пријатели, но ќе продолжам напорно да тренирам. Се враќам во мојата база на Пиринеите каде ќе малку ќе одморам – откри Окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.