Естебан Окон се надева дека Рејсинг Поинт Форс индија ќе ја продолжи низата на добри резултати и на претстојната трка во Сингапур. Французинот финишираше на 6то место на последните две трки, во Белгија и Италија.

На двете трки по летната пауза покажавме одличен ритам и стигнавме до многу поени така што одиме во Сингапур да ја продолжиме таа серија. Сингапур е една од најтешките трки во годината од физичка гледна точка, топло е и влажно, но се подговуваме со тешки тренинзи.

Важно е да ги јадете вистинските работи и да пиете многу течност уште пред да дојдете во Сингапур. Освен тренингот на топли места, мојата рутина не се менува многу затоа што мораме да бидеме физички одлично подготвени и за другите трки – објасни Окон.

Трката низ градот држава е единствената целосно ноќна трка на календарот, а Естебан откри дека има свои начини да се снајде со невообичаениот распоред.

Трката во Сингапур има посебен распоред, но има трик за тоа, секогаш чувам две различни временски зони на мојт саат, една локална друга Европска. Се држам до европското време и успевам секоја вечер да си легнам во 9 часот навечер по париско време.

Трката во Сингапур е фантастичен наста, ноќните трки се секогаш различни и има дополнителен притисок фактот што се тркаме низ град.

Признавам дека не сум голем обожавател на патеката, но предизвик секогаш има. Има многу кривини и многу места каде може да се “ќари“ време, но и да се погреши така што тешко се комплетира совршен круг. Мој омилен дел е последниот сектор каде се вози навистина блиску до бариерите.

Тимот најави дека ќе носи аеродинамички подобрувања за трката, а францусиот возач е нетрпелив да види како ќе се покажат истоте на патеката.

Носиме новини на оваа трка и нетрпеливи сме да ги пробаме новините во Петок. Ако се работи како што треба се надеваме дека ќе бидеме на чело од средината на поредокот – заврши Естебан.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.