Возачот на Форс Индија, Естебан , би сакал враќање на холандски на Формула 1 календарот, патека на која французинот се има тркано во сезоната мината во ДТМ тркачката серија

Последната трка во Зандворт на која победи Ники Лауда се одржа во 1984 година. Во последно време автодромот е домаќин на трки од ДТМ и ГТ сериите, но и на промотивни настани на кои Макс Верстапен ја забавува домашната публика со постари Ред Бул болиди во друштво на Даниел Рикардо и Дејвид Култхард.

Во Зандворт се работи да се врати патеката на Формула 1 календарот, а медиумите шпекулираат дека челниците на тркачката серија му понудиле на хоалндскиот автодром враќање во спортот вече од 2020 година. Таа идеја ја поздрави Естебан Окон, иако не знае дали тогаш ќе биде дел од гридот.

патеката е кул, автодром од стар ков. ќе биде неверојатно да се видат сегашните формула 1 болиди кои ќе бидат неверојатно брзо по зандворт – возбуден е окон.

Сепак, Естебан признава дека претекнувањето ќе биде многу тешко затоа што се работи за многу техничка патека.

тесно е и претекнувањето ќе биде многу тешко. во ДТМ имав ДРС, но дури и тогаш беше тешко да се мине, а со тие болиди може да возите многу поблиску до конкурентите одошто со Формула 1 болидите.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.