Естебан Окон доби казна на стартот во пресрет на Големата награда на Бразил откако Форс Индија го променија менувачот во неговиот болид.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Информациите велат дека промената е мерка за претпазливост базирана на податоците кои биле добиени од претходната трка во Мексико, а за возачот значи 5 позиции казна поради тоа што неговиот менувач не ги поминал задолжителните 6 трки без промена.

По петочните тренинг сесии французинот имаше 10то време, во моменти кога Форс Индија даваат се од себе да го престигнат Мекларен за 6то место кај конструкторите. Тимот од Вокинг има предност од 15 поени.

Нови менувачи на Интерлагос ќе возат и Ленс Строл, Луис Хамилтон и Кевин Магнусен, но нивните стари менувачи ги минааа задолжителнтие 6 трки што значи промената кај нив нема да носи казна.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.