Окон презадоволен од своето 6то место

100

Естебан Окон ја врати самодовербата во Монако откако со својата Форс Индија извозе безгрешно за освојување на 6то место и статусот најдобри од останатите. Тој си возеше свои 78 кругови низ кнежевството, започна и зарши на истата позиција изведувајќи безгрешна стратегија.

Дојдовме до фантастичен резултат, среќен сум и задоволен и ова беше навистина многу забавно. Ритамот кој го имавме беше импресивен, а екипата заврши фантастична работа околу стратегијата. Одлично ги разбравме гумите, а на моменти бевме и најбрзиот болид на патеката – смета Окон.

Навистина, во завршната фаза од трката французинот го подобри својот ритам и го намалуваше заостатокот во однос на Кими Раиконен и Валтери Ботас завршувајќи зад нив.

Последните неколку кругови ги стигнував Ботас и Раиконен со повеќе од секунда по круг и бев веднаш зад нив на крајот. Одлично е да се стигне до вакво резултат и да се освојат многу поени по неколку разочарувачки трки. Се надевам на уште вакви викенди.


Окон презадоволен од своето 6то место

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>