Окон потврди дека ќе биде во Ф1 падокот во 2019

179
   

Естебан Окон потврди дека ќе биде во Формула 1 падокот наредната сезона, дури и да не обезбеди возачкот место за 2019 година. Французинот се шпекулира дека ќе замине од Форс Индија во полза на Ленс Строл.

Окон се очекуваше да премине во Рено се додека француската екипа не потпиша со Даниел Рикардо. Потегот од австралијанецот доведе до “гужва“ на пазарот на возачи, што на крајот го остави Окон без возачко место.

Естебан потврди дека има преговори кои сеуште се во тек, но тој дефинитивно ќе биде дел од Ф1 наредната година, дури и да не најде место во друга екипа.

Не, не ги кривам нив. Не знам што точно се случи, но тоа што морам сега да го направам е да докажам дека не беа во право.

Моментално има дискусии, но ништо повеќе од тоа. Незнам кои се моите шанси да потпишам, но тоа е мојата последна шанса за наредната година.

Но, тоа не е крај на светот ако не сум на гридот наредната година. Ќе се подготвувам, особено од физичка гледна точка. Ќе се вратам посилен во 2020 година – изјави Окон.

Иако има само 22 години, Окон го потврди своето верување дека не му е потребно повеќе искуство и дека е подготвен за поголемо место, а Мерцедес сеуште се обидуваат да најдат место за него наредната сезона.

Не ми треба да соберам повеќе искуство во Формула 1.

Сеуште ќе бидам фокусиран на Формула 1 и ќе се однесувам како ништо друго да не е важно. Ќе бидам во падокот и ќе научам што повеќе и ќе се вратам посилен – додаде Окон.


Окон потврди дека ќе биде во Ф1 падокот во 2019

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>