Окон: Повторување на резултатот од лани ќе биде одлично

53
   

Естебан Окон вели дека доколку Форс Индија ги повтори своите перформанси од минатата година во Јапонија, тимот треба да го смета тоа како одличен резултат.

Окон во еден момент беше на трето место во Јапонското Гранд При, за да заврши на шесто место, додека Серхио Перез се пласираше на седмата позиција. Резултатот им помогна на Форс Индија да обезбедат последователен пласман на 4то место во генералниот пласман.

12 месеци подоцна шансите на Форс Индија за повторување на резултатот изгледаат слаби, откако ги изгубија своите поени пред превземањето, но нивниот болид е силен конкурент на Рено и на Хаас.

Минатата година имавме многу солиден викенд во Сузука. Бев трет во подолг период пред да завршам на шесто, така што се надевам на уште еден силен викенд. Доколку постигнеме сличен резултат, тоа ќе биде одлично.

Мислам дека сите возачи ја сакаат Сузука. Карактеристиките на патеката ја прават посебна, има големи свиоци, многу историја и е многу тешко еден круг да биде совршен.

Има навистина одлични свиоци, но С-овите во првиот сектор се нешто посебно. Тие се многу забавни за возење. Ја обожавам брзата промена на насоката и движењето во тој сектор во квалификациите, со лесен болид и многу грип, чувството е неверојатно.

Овај чекам да се сретнеме со јапонските фанови. Тие не пречекуваат на неверојатен начин – не подржуваат од моментот кога ќе слетаме и не престануваат.

Тие имаат многу страст и сето тоа ми дава многу енергија – изјави Окон.


Окон: Повторување на резултатот од лани ќе биде одлично

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>