Естебан Окон е опуштен околу неговата иднина во Формула 1 и потенцијално место во Рено за 2019 година, при што истакна дека има целосна доверба во плановите на Мерцедес за неговата кариера.

21-годишниот Окон, кој се трка за Форс Индија од почетокот на 2017 година, во претходната сезоната дипломираше од јуниорската програма на Мерцедес. Французинот е поврзан со трансфер во Рено за 2019 година, како дел од напорот на Мерцедес да продолжи да го развива својот талент и искуство и да го премести на повисоко место за потенцијално седиште со екипата во иднина.

Окон вели дека е охрабрен од начинот на кој сите говорат околу неговата Формула 1 иднина, но истакна дека неговиот фокус е да ги извршува своите задачи за Форс Индија годинава.

Секогаш е добро кога луѓето зборат за вас. Тоа значи дека се среќни со тоа што го правите на патеката. Ќе видиме. Не сум загрижен за мојата иднина во моментов. Сеуште имаме многу пред мене и многу работа да се заврши.

Мора да завршиме на 4то место со екипата, тоа е големиот предизвик. Ќе видиме. Кога имате добар резултат, секогаш има многу шпекулации, така што, добро е – вели Окон.

Естебан потврди дека останува под договор со Мерцедес, без разлика за кого се трка следната сезона и вели дека ќе го продолжи истото уште многу, многу години.

Неговиот премин во Мерцедес не се случи, откако екипата се одлучи да го продолжи договорот на Валтери Ботас за следната сезона, покрај Луис Хамилтон, а според моменталниот пазар на возачи, тандемите на првите три екипи ќе останат непроменети.

Французинот ја истакна својата доверба во одлуката на Мерцедес, но вели дека можеби е потребно младиот возач да се покаже уште повеќе и да го импресионира големиот тим за да има промена во мислење.

Мислам дека Мерцедес се мошне талентирани луѓе со нивниот избор во насока во која сакаат да се движат со своите возачи. Тие се многу добри при такви одлуки, затоа се успешни.

Но ќе видиме. Можеби ако Леклер оди во Ферари и има добри резултати, ќе докаже дека и млад возач може да биде на врвот. Но се додека не се докажете целосно, работите нема да се променат – додаде Окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.