Естебан Окон одбил понуда да продолжи со тркањето надвор од Формула 1 за наредната година, иако се појасно е дека тој нема да има возачко седиште за гридот во 2019 година.

Единствена надеж за французинот е екипата на Вилијамс, кои се обидуваат да формираат финансиски пакет со кој би го привлекле Окон како тимски колега на Џорџ Расел.

Но дури и да не се оствари тој план, Окон вели дека тој и неговиот менаџмент од Мерцедес одлучиле да не учествува во други тркачки категории. Се претпоставува дека тој бил на високо место на листата во ИндиКар, додека Формула Е била уште една добра можност.

Имаше разговори за мое возење во повеќе други места и нема да навлегувам во детали. Но одличивме да не го правам тоа. Ако не се тркам наредната година, ќе останам блиску до Мерцедес и ќе се обидам да научам што повеќе од нив.

Можеби ќе имам неколку тестови и блиска соработка со тимот. Тоа е единственото нешто што можам да го сторам за да бидам во форма. Не сметам дека ќе соберам искуство ако одам на друго место.

Додека чекав место за Формула 1, возев во ДТМ. Тогаш научив многу, а сега тоа не е повеќе случајот. Не планирам да се тркам во други серии.

Тоа што го знам е дека одлуката за мојата иднина не е во мои раце, ниту пак во рацете на мојот менаџмент. Вилијамс треба да одлучат. Ќе видиме како ќе се одвива целата ситуација.

Моментално има уште 2 трки до крајот, се обидувам да се фокусирам на тоа, а потоа ќе видиме – вели Окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.