Естебан Окон одби да дава коментар и анализа на својот тимски колега Серхио Перез откако имаа котакт на првата кривина во Сингапур, по кој французинот заврши во оградата. Двата болиди на Форс Индија се квалификуваа во топ 10 и имаа шанса за добри поени од Марина Беј.

Окон се обиде од надворешна страна да го мине својот колега и еден болид на Хаас “во пакет“, но имаа допир со тркалата и тоа значеше крај на трката за Естебан.

Не сакам да го анализирам тоа што се случи. Имав добар старт и добра можност, се обидов од надвор да го минам Чеко и следна работа бев удрен.

Имавме добар ритам и требаше да имаме супер викенд и добри поени, но завршувам прерано и ќе си одам од овој викенд без ниту еден освоен поен – изјави Окон.

Запрашан дали било добар и мудар потег да се обид да го мине Перез од надвор на гужвата од стартот тој одговори:

Не сакам да коментирам и нема да коментирам.

Стјуардите не му доделиај никаква казна на Чеко Перез за овој судар, сметајќи дека се работи за обичен тркачки инцидент.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.