Окон незадоволен од промената на позициите

76
   

Естебан Окон верува дека Форс Индија треба добро да го размислат начинот на кој и пристапиле на трката во Русија откако одлучија да ги променат позициите на двајцата возачи, но по 11 кругови се вратија на првобитната состијба, не напредувајќи во поредокот.

Окон и Перез беа заглавени зад Кевин Магнусен кога мексиканеот побара од тимот да биде пропуштен за да се обиде да го мине возачот на Хаас. Во тој период, Естебан долго време возеше зад данецот, но не успеа дасе доближи за напад.

Во 26от круг возачите си ги променија позициите, но ни Чеко не направи ништо посебно и во 37от круг го врати местото.

Деветто место всушност е трето место за нас што не е лошо, но не е најдобро. Имавме ритам за повеќе, ритамот беше подобар од ној на Хаас и поради тоа не можеме да бидеме задоволни во целост. Се обидовме со промена на поициите да се обидеме да додјеме пред Хаас и веројатно нема да треба да го правиме тоа во иднина затоа што јасно е дека ништо не добивме.

Форс Индија се свесни дека немало уште што да направат за да го минат Хаас и да го подобрат својот резултат, а во средината освен Магнусен пред нив заврши и Шарл Леклер со својот заубер.

Треба да ја анализираме тактиката, но мислам дека имавме тешка трка. Ја разбирам намерата на тимот и начинот на кој сакавме да стигнеме до нешто повеќе, но се покажа како не многу добар потег и во иднина мораме да направиме нешто друго.

Кога Серхио беше зад мене не беше многу блиску до мене, а исто беше и кога јас бев зад него, не можев целосно да се доближам. Трката остана фиксирана од тој момент.


Окон незадоволен од промената на позициите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>