Возачот на Форс Индија, Естебан Окон, ја опшиа Големата награда на Мексико како веројатно една од неговите најлоши Формула 1 трки во кариерата. Французинот веројатно ќе остане без место на гридот следната година, го оштети својот болид во првиот круг од трката и поради тоа остана без поени на крајот од истата.

Веројатно ова беше една од најлошите трки во мојата Формула 1 кариера до сега. Ништо не одеше како што сакавме и се надевавме и едноставно имавме ужасно попладне.

Имав многу добар старт, минав два болиди на Заубер пред првата кривина, но тоа беше едиснтвената позитивна работа од целата трка. Во третата кривина влегов крај Карлос Саинз, кочев да избегнам судар, но имав контакт и тоа ми го оштети предното крило. Морав уште по првиот круг да влезам во бокс и да го променам крилото и уште тогаш мојата трка беше готова.

Штета затоа што имавме одлична стратегија и многу брз болид, но не ни беше денот. Сакам само да заборавам на оваа трка и да се вратам посилен во Бразил – објасни Окон.

Форс Индија не освои поени во Мексико, така што Мекларен ја зголеми разликата поради 9то место и двата поени на Стофел Вандорн.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.