Штитеникот на Мерцедес, Естебан , најавува дека ќе се трансформиа себе си согласно новите правила околу тежините во Формула 1 пред планираното враќање на гридот во 2020 година.

Годинава французинот ќе ја мине крај патеките откако го загуби своето место на гридот, а Мерцедес ќе ги користат неговите услуги за тестирање и во симулаторот при развој на болидот. Тој е еден од највисоките возачи на гридот, а поради тоа има и голема тежина, што согласно со правилата кои важеа лани, беше лошо за него затоа што мораше да биде мноуг слаб и лесен. Иако нема да има корист од 2019 година кога за прв пат ќе се користи минималната тежиан кај возачот, тоа ќе може да го направи од следната година кога планира да се трка во Формула 1.

тоа што не сакам и нема да го прифатам е да не се вратам на гридот во 2020 година. би бил многу разочаран со таков развој на настаните, но верувам дека ќе се вратам затоа што имам доверба во луѓето околу мене.

тогаш ќе бидам и подобро подготвен со се што знам и се што имам научено до сега. исто така, ќе се трансформирам согласно новите правила за тежините и ќе бидам многу посилен одошто во 2017 година кога почнав со форс индија – најави окон.

Шпекулациите околу иднината на одличниот француски возач започнаа лани летоска кога Даниел Рикардо мина во Рено и со тоа го спречи планираниот трансфер на Естебан во француската фабричка екипа. Потоа Мекларен и Ред Бул не го сакаа Окон кај себе поради неговата поврзаност со Мерцедес, а останувањето во Форс Индија не беше во план затоа што тие го потврдија Чеко Перез крај синот на сопственикот, Ленс Строл.

продолжив да работам како и секогаш и бев посветен како и секогаш. надвор од патеката или фабриката мојата мотивација беше неверојатно голема. верував дека доколку дадам се од себе секој ден, работата ќе се промени. мојата посветеност ќе ми се исплати и ќе се вратам на гридот во 2020 година – заврши окон.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.