Естебан Окон е мотивиран од фактот што неговите врсници добиваат примамливи возачки места во Формула 1 и покрај тоа што има несигурна и нерешена иднина. Французинот кој е поддржан од Мерцедес влезе во Формула 1 на половина од 2016 година со Манор пред да мине во Форс Индија каде редовно почна да освојува поени. Но, тој не доби шанса да серниорската фабричка екипа на Мерцедес поради тоа што возачките места таму ги окупираа Хамилтон и Ботас.

Рено ја затвори вратата со ангажманот на Даниел Рикардо, а премин на Ленс Строл во Форс Индија ќе значи дека Окон ќе биде прекуброен во тимот од Силверстон.

Сакам да им се заблагодарам на сите за љубезните пораки полни со поддршка кои ги добивам секој ден. Сме биле во слични ситуации и порано и секогаш сме ги надминувале. Знаеме дека нема лесни работи во тркачката кариера.

Ви ветувам дека нема да се откажам. Мотивацијата ми е на високо ниво. Гледајќи ги моите ривали и врсници во топ тимови само ме мотивира и ме прави гладен.

Сонувам за Формула 1. Тренирам за Формула 1. Јадам за Формула 1. Играм за Формула 1. Мислам за Формула 1.

Роден сум да се тркам и моја едниствена цел е еден ден да станам шампион – напиша Естебан на социјалните мрежи.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.