Окон: Ми било и потешко

89

Естебан Окон открива дека ситуацијата околу несигурноста на неговата Формула 1 кариера нема да го промени затоа што бил во потешки ситуации во минатото. Шпекулациите велат дека французинот нема да вози за Фора Индија следната сезона, а во моментов има малку празни места за пополнување, иако Мерцедес даваат се од себе да го сместат во некоја екипа од гридот.

Ситуацијата не го одвлекува моето внимание затоа што знам добро да се исклучам од се и да се посветам на она што е важно, а во минатото сум бил во потешки ситуации од оваа. Сеуште вршам одлична работа на трките и така ќе продолжам до крајот.

Секако дека оваа ситуација не е лесна, давам се од себе на патеката и мислам дека одлично ми оди – смета Окон.

Малку работи одат во негова корист, а Кристијан Хорнер неодамна изјави дека не го планираат за Торо Росо затоа што не сакаат да имаат возач кој е поддржан од МЕрцедес во тимот. Се чини дека најголема причина за потешкотиите на Естебан е неговата поврзаност со “сребрените“.

Мерцедес со многу мала инвестиција им помогна на некои момци да стигнат во Формула 1, но се чини дека е многу тешко да се стане возач во нивната фабричка екипа. Екипите на гридот исто така не сакаат по секоја цена да имаат нивни возачи.

Лудо е што имате возач како Окон кој можеби нема да биде на гридот следната година. Доколку не беше под договор со Мерцедес, секако дека сериозно ќе сметавме на него за место во Торо Росо.

Ред Бул нема да инвестираат во возач на Мерцедес, тоа е разбирливо и не очекувам тоа да се случи ни доколку тие требаа да инвестираат во наш возач  – објасни Кристијан Хорнер.


Booking.com

Окон: Ми било и потешко

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>