Окон: Мерцедес ми го спаси животот

296

Естебан Окон, возачот на Форс Индија, си ја “отвори душата“ во врска со неговото тркачко минато пред да стане дел од Формула 1. Французинот откри дека растел сиромашно и дека Мерцедес му го спасиле животот финансирајќи ја неговата кариера.

Кога стана дел од Формула 1 во 2016 година, Естебан стана најмладиот французин кој влегов во Формула 1 со 19 години, дебитираше во Белгија за Манор, а следната година стана дел од Форс Индија за кои се трка и денеска.

Вистина е дека Мерцедес ја финансираше мојата тркачка кариера во моменти кога не ми беше воопшто лесно. Моето семејство многу се жртвуваше, моите родители немаа доволно пари за да јас можам да се тркам.

Дојде моментот кога бев забележан од Gravity Sport Management кои подоцна станаа младински тим на Лотус, а имаше и друг момент кога станав Европски Формула 3 шампион, а немав обезбедено тркачко место за следната сезона.

Се помирив дека ќе почнам да работам со татко ми го неговата гаража како механичар или пак ќе работам во некој ресторан како кленер или било што. Таква мисла ми се вртеше цело време – откри Окон.

Но, како во филмовите, Мерцедес забележаа огромен потенцијал во младиот возач и му помогнаа финансирајќи го неговото тркање.

Имав ужасна зима затоа што во јуниорските категории плаќате за вашата сезона и не примате никаква плата. Но, конечно, имав огромна среќа што Мерцедес ме зема кај нив и ми го спаси животот.


Окон: Мерцедес ми го спаси животот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>