Окон казнет три позиции

307
   

Возачот на Форс индија, Естебан , е казнет со три позиции во пресрет на стартот на Јапонското Гранд при поради тоа што не забавил доволно за време на црвеното знаме развиено на денешната прва тренинг сесија. Французинот го прекршил правилото на саботната утринска сесија откако не го забавил доволно кругот по црвеното знаме и прекинот на сесијата која ја предизвика нико Хулкенберг со своето излетување.

Стјуардите откриле дека окон бил збунет од системот на форс Индија за менаџирање на ритамот за време на црвено знаме и поради тоа бил пребрз на три мини сектори во тој круг.

 Возачот ги информираше стјуардите, а телеметријата покажа дека тој забавил за црвеното знаме. Но, по 4от свиок слушнал некакво предупредување преку радиото кое било поради тоа што бил пребавен и малку забрзал за да ја регулира брзината. Правејќи го тоа, кусо го прекршил делта времето за најмногу 1,68 секунди за време од три мини сектори. Како резултат на тоа не се придржувал кон делта брзианта согласно правилата што значи прекршок.

возачот го призна прекршокот и тоа го препиша на трите звуци кои ги чул од системот кој го користи тимот во такви ситуации

На крајот, поради важноста за придржување на брзината за време на црвентие знамиња овој, стјуардите решија да му доделат казна на возачот – гласи официјалното соопштение.

Французинот беше најдобар од останатите на сите три тренинг сесии во пресрет на квалификациите, а на К3 се пласираше на 8мо место. Со казната, ќе падне зад Себастијан Фетел, Серхио Перез и Шарл Леклер и ќе стартува од 11то место.

Дополнително, Естебан доби и два казнени поени кои се први за него во изминатите 12 месеци на суперлиценцата.


Окон казнет три позиции

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>