Окон имал проблеми со сопирачките во Монако

73

Вториот човек на Форс Индија, Боб Фернли, откри дека Естебан Окон имал проблеми со дел од системот за кочење за време на Големата награда на Монако, поточно со механичкиот brake-by-wire. Но и покрај тоа французинот успеа да го зачува 6то место за најдобар финиш оваа сезона.

Со тој резултат екипата стигна поблиску до Рено и Мекларен кај конструкторите, а ги остави зад себе Хаас и Торо Росо.

Естебан немаше помош од brake-by-wire системот последните два кругови, но успеа фантастично да извози и тоа само говори за него. Тоа е одличен резултат за Естебан особено со такви проблеми какви што имаше. Имаше тешки последни неколку трки така што овој резултат ќе му дојде одлично – објасни Фернли за италијански Autosport.

Боб смета дека резултатот до кој дојдоа на последната трка покажува дека се враќаат во форма по тешкиот старт на сезоната.

Баравме и чекавме грешки кај топ 3 екипите за да напредуваме во поредокот. Во саботната сесија Верстапен погреши, но на трката никој.

Разочаран сум само што Серхио Перез не дојде до поени затоа што тоа ќе беше навистина одлично. Сепак, се на се ова е одличен резултат за нас.

Кај Чеко погрешивме со менувањето гуми и тоа го врати назад во поредокот – објасни Фернли.


Booking.com

Окон имал проблеми со сопирачките во Монако

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>