Окон задоволен од 7то место по огромна борба

69
   

Возачот на Форс Индија, Естебан Окон е изморен по трката во Силверстон, но и пресреќен по огромната борба во средината од поредокот по која стигна до 7то место. Стартувшае од 10та позиција како најбавен во К3, “ќари“ неколу позиции по мешаницата од првиот круг, остана надвор од инциденти и имаше одлична стратегија.

Трката ја заврши зад Нико Хулкенберг кој овој пат беше најдобар од останатите и го задржа Фернандо Алонсо кој со нови гуми беше доста брз зд него.

Среќен сум и задоволен со денешниот резултат затоа што 7мо место е одлично по волку тешка трка. Безбедноснто возило ми ја отежна работата затоа што гумите беа ладни при рестартот и не беше лесно да се задржат Фернандо Алонсо и Кевин Магнусен зад мене.

Ментално сум многу уморен затоа што се борев до самиот крај на трката, но важно е дека освоивме доста поени кој ги додаваме на одличниот пласман минатата недела во Австрија.

Болидот се повеќе се подобрува, трките одлични ги одработуваме и морам да се заблагодарам на сите во екипата за напорната работа. Ќе притискам дополнително и резултатите ќе дојдат – смета францускиот возач.


Окон задоволен од 7то место по огромна борба

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>