Окон: Грид казната ни го диктираше резултатот

61
   

Естебан Окон го заврши Јапонското Гранд При на 9то место, но французинот смета дека неговата трка била уништена поради грид казната, заработена откако ја надмина дозволената брзина во услови на црвено истакнато знаме во последниот слободен тренинг.

Возачот на Форс Индија се квалификуваше на осмата позиција за неделната трка, но доби казна од 3 грид позиции од страна стјуардите и беше приморан да стартува од 11то место, но без слободен избор на пневматици.

Окон смета дека Форс Индија го имале четвртиот најбрз болид во Јапонија, што беше деломно докажано од страна на Серхио Перез кој се пласираше на седмо место, но французинот беше поразен од Роман Гросжан од Хаас.

Тимот освои значителни поени денес, но не сум целосно среќен бидејќи нашиот конечен резултат беше диктиран од грид казната. Покажавме одлична брзина викендов како четвртта најбрза екипа, но доколку не стартуваме од повисока позиција, тешко е да го покажеме тоа во трката.

Имаше некои забавни моменти денес и морав да направам неколку претекнувања. Кога имате свежи пневматици имате голема предност и нашата стратегија се исплатеше на крајот.

Бев блиску да го стигнам Гросжан во последните неколку кругови, но немаше шанса да се обидам да го претекнам – изјави Окон.


Окон: Грид казната ни го диктираше резултатот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>