Окон го напаѓа Монако со поголемо искуство

58

Естебан Окон од Форс Индија во пресрет на трката во Монако има многу повеќе искуство стекнато изминатите сезони. Патеката не простува преголема агресивност и губење на концентрација, како што французинот дозна за време на ланските квалификации.

Патеката е вистински предизвик за возачите. Мора да бидете точни затоа што нема простор за грешка. Мора брзо да го најдете лимитот и да не го поминете. Лани тоа го дознав на потешкиот начин на Т3, но годинава имам многу повеќе искуство и верувам дека таква грешка нема да се повтори – најавува Окон.

Иако патеката е претешка и бара многу од возачите, Естебан како и сите останати е горд што има можност да се трка низ кнежевството.

Мислам дека сите сакаат да одат во Монако затоа што тоа е толку посебно место. Кога мислите на Формула 1 мислите на Монако, возењето низ познатата патека е исполнување на мојот сон и секогаш сум возбуден кога добивам шанса за тоа.

Локацијата е спектакуларна, прекрасна и гламурозна, а атмосферата неверојатна. Кога пристигнувате на почетокот на викендот не може да не се насмеете кога минувате пешки низ патеката и кога гледате како се подготвува истата.

Фановите може да дојдат многу блиску и мислам дека тоа е многу важно. Дефинитивно е најзафатен викенд на календарот, сите спонзори имаат настани секоја вечер и поради тоа треба дополнителен ден за да може да се вклопи се во распоредот.


Окон го напаѓа Монако со поголемо искуство

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>