Окон во викенд полн лоша среќа

50

Естебан Окон немаше добра трка во Барселона. Иако се возеше во поени имаше проблеми кога чад излегуваше од задниот дел на болидот и се откажа по се изгледа поради проблеми во моторот.

Првичната дијагностика покажа проблем со притисокот на маслото кое се случи во 38от круг, што го донесе Виртуелното безбедносно возило на патеката.

Францускиот возач од Форс Индија и претходно имаше проблеми кога тимот заглави при промената на задното десно тркало.

Првично работите не тргнаа како што треба при промената на гумите затоа што заглави моето задно десно тркало. Загубивме 20-тина секунди и тоа не стави на крајот од поредокот.

Неколку кругови подоцна снемав моќ од моторот и се паркирав крај патеката. Изгледа како да имав проблем со притисокот на маслото во моторот, но мораме да почекаме додека болидот целосно не биде испитан за да знаеме точно што се случи – објасни Окон.

Незадоволен од лошата среќа беше и оперативниот директр на екипата, Отмар Шафнауер.

Проблемите на Естебан му ја одземаа шансата да дојде до поени. Проблемот со тркалото при менувањето на гуми целосно ќе биде истражен, но веруваме дека проблемот го направија остатоци кои се заглавиле.

Потоа, протекувањето на масло му ја заврши трката, но се надеваме дека нема да има никакви проблеми со моторот.


Окон во викенд полн лоша среќа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>