Окон: Борбата за средината ќе потрае

66
   

Естебан Окон верува дека Форс Индија ќе водат интензивна борба за превласт во средината со екипите на Хаас и Мекларен и таа ќе трае до последната трка во првенството во Абу Даби.

Минатата недела Хаас се искачи на 5та позиција во поредокот благодарение на 4то и 5то место од Роман Гросжан и Кевин Магнусен. Во исто време Форс Индија заврши на 6то и 7мо место, точно зад нив и тие ја намалија разликата во однос на Мекларен кои дојдоа до само 4 поени благодарение на 8то место на Нандо.

Окон верува дека борбата ќе трае до крајот на сезоната и верува дека таа ќе се реши на финалната трка во Абу Даби.

Мислам дека Хаас се многу брзи и веројатно ќе ги стигнеме друг пат. Среќен сум со тимот. Резултатот со шеста и седма позиција, и доброто разбирање со Чеко со различна стратегија стигна до крајот.

Не можевме да го стигнеме до Магнусен, но ќе се обидеме на наредните трки. Ова е дефинитивно добар резултат. Разликата во средината на табелата е мала. Борбата ќе трае цела сезона – појасни французинот од Форс Индија.


Окон: Борбата за средината ќе потрае

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>