Од Форс Индија тврдат дека моментално нема договор за трансфер на Естебан Окон во екипата на Рено на крајот на 2018 година. Тимот и понатаму е јасен дека ќе ја продолжат соработката со Окон и по крајот на оваа сезона.

Во интервју за Sky Sports F1 по крајот на петочните тренинг сесии, оперативниот шеф на Форс Индија, Отмар Шафнауер, повторно истакна дека не постои договор помеѓу екипата на Рено и нивниот возач.

Не верувам дека постои договор со Рено. Ние имаме опција да го задржиме во екипата, а тоа не е опција која ја има Рено. Добро е што Естебан сака да остане, така што тоа е секогаш добро – изјави Шафнауер.

Запрашан дали Форс Индија ќе има проблем да го задржи нивото на перформанси кои ги имаа во минатите сезони, Шафнауер признава дека ќе биде тешко, но тимот е подготвен за борбата.

Во 10 години колку што сум тука, секогаш сме биле во тесно. Се обидуваме да го извадиме максимумот од тоа што го имаме на располагање. Формула 1 станува се потешка, но ќе издржиме и сеуште имаме шанса да завршиме на четвртто место годинава – додаде Отмар.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.